X
 19.04.2023 Живот

Промотивен авансен депозит - нови можности за штедење со ПроКредит банка

Орочи ги твоите заштеди и земи ја каматата уште истиот ден

Еден од темелите врз кои ПроКредит банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува.

Штедиме денес за да си обезбедиме подобра иднина, а кога размислуваме за иднината, сите се стремиме кон поголема финансиска стабилност за чија цел потребни се паметни решенија и прифатливи начини за штедење. Следејќи ги потребите на клиентите, ПроКредит банка воведува нов продукт за штедење, мислејќи не само на нивната иднина, туку и на нивната сегашност.

Станува збор за нов орочен депозит – авансен депозит, каде што каматата се исплаќа веднаш, на денот на орочувањето на средствата, за разлика од вообичаено познатата практика да се чека да помине периодот на орочување кој вообичаено е 12, 24, 36 или повеќе месеци. Овој нов продукт на штедење ПроКредит банка го воведува во својата редовна понуда, а целта е да им овозможи двоен бенефит на своите клиенти: чувство на сигурност поради заштедени средства и истовремено располагање со каматата уште од самиот почеток на орочувањето. Промотивно, банката нуди атрактивни каматни стапки, и тоа 2,4% за евра и 3,2% за денари за рок на орочување од 36 месеци.

Клиентите ја препознаваат и особено ја вреднуваат ПроКредит поради фактот што е целосно дигитализирана банка и сите дигитални банкарски услуги, вклучувајќи ја тука и можноста за орочување на заштеда, се достапни преку мобилното и електронското банкарство. Сепак, тоа не го исклучува и персонализираниот пристап кон секој еден клиент, за што ПроКредит банка особено се истакнува преку професионалната услуга на лични банкарски советници.

ПроКредит e банка со 100% германски капитал и е единствената банка на пазарот која и оваа година го потврди високиот Fitch кредитен рејтинг „БББ-,“ со што продолжува да биде синоним за стабилност и сигурност.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб-страницата на ПроКредит банка.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот