X
 11.09.2018 Живот

Успешна приказна на Виктор Јанчевски, советник за бизнис-клиенти. Како професионално да напредувате во банка?

Ако сакате да сте малку поразлични од другите во начинот на размислување и аргументирање и да работите во институција каде што секогаш се почитува вашето мислење, тогаш дефинитивно ПроКредит е вистинската банка што ќе може да одговори на вашите барања, вели Јанчевски, вработен во ПроКредит банка

Виктор Јанчевски е дипломиран економист кој почна да ја гради својата кариера во ПроКредит банка во 2017 година како дел од ProCredit Onboarding Process. Новите колеги во првите шест месеци од договорот за вработување имаа можност да престојуваат во центрите за обука на ПроКредит банките во соседните земји, работејќи на проекти заедно со колеги од местата каде што ПроКредит банка е присутна на пазарот. Ваквото заедничко работење овозможува размена на искуства, знаења и практики, како и запознавање на различните култури и традиции.

- Желбата за професионален развој во банкарскиот сектор беше најголемиот поттик да се одлучам да бидам дел од Onboarding процесот на ПроКредит банка. Можноста да бидам дел од тоа ми беше навистина еден од најголемите предизвици и ми овозможи да се стекнам со поголемо знаење во сите области на секојдневието и банкарскиот сектор, да бидам побогат со пријатели и колеги од голем број земји во Европа и да го подобрам нивото на англискиот јазик. По успешното завршување на првиот дел од овој процес имав можност да станам и дел од тимот кој учествува во менторството на идните кандидати како асистент во делот на банкарското сметководство – вели Јанчевски.

Тоj сега е дел од тимот на советниците за бизнис-клиенти на ПроКредит банка каде што успешно ја гради својата професионална банкарска кариера.
- ПроКредит банка е една од ретките институции на нашиот мал пазар каде што секогаш се ценат трудот и напорната работа, како и желбата за надградување на лимитираното знаење стекнато на факултет. Можноста да соработуваш со вистински професионалци од најразлични земји каде што ПроКредит банка е присутна е непроценливо искуство кое многу помага во понатамошниот развој на кариерата, особено во време кога е реткост некој да ти даде шанса да стекнеш работно искуство – додава Виктор.

Отвореноста, различноста и тимскиот дух се секогаш на прво место и нѐ следат од самиот почеток на програмата ProCredit Onboarding и сѐ уште се присутни во секојдневното работење, категоричен е младиот банкар.

- Најдобро од сѐ е тоа што секогаш постои можност за надградување на сопствените знаења и тоа никогаш нема да престане. Ако сакате да сте малку поразлични од другите во начинот на размислување и аргументирање и да работите во институција каде што секогаш се почитува вашето мислење, тогаш дефинитивно ПроКредит е вистинската банка што ќе може да одговори на вашите барања – завршува Јанчевски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот