X
 13.02.2017 Живот

„Песната“ на штурците наскоро би можела да молкне засекогаш

Европската популација на штурци и скакулци е загрозена, се утврдило во првата сеопфатна проценка која открила дека на четвртина од овој вид инсекти им се заканува изумирање.

Според податоците на Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN) таа популација инсекти е нејзагрозена од сите досега набљудувани во Европа.


Фото: Pixabay

Европа е живеалиште на повеќе од 1000 видови скакулци и штурци. Оваа популација е позната како Orthoptera и живее во тревниците. Тие се важен извор на храна за птиците и влекачите и нивното исчезнување може да го загрози целиот екосистем.

Нивните живеалишта ги загрозуваат пожарите, интензивното земјоделство и туризмот. Жан-Кристоф Ви, заменик директорот на Програмата за глобалните видови на IUCN, смета дека треба да се стори сè што е потребно за да се заштитат нивните живеалишта.

- Ако не почнеме да дејствуваме веднаш, звуците од штруците наскоро би станале минато – предупредува тој.

Дел од популацијата е изгубен заради пожарите, особено во Грција и на Канарските Острови.

- Резултатите од црвената листа на IUCN се посебно загрижувачки – посочува Лук Бас, директор на европскиот регионален центар на IUCN.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот