Амазонија се соочи со ужасни пожари, изумираат животни, а во океаните пловат острови од отпад. За само неколку децении луѓето успеаја да ја опустошат и загадат Земјата до степен на непрепознатливост.
Погледнете ги овие фотографии од најлошите последици на човечката активност на планетата.
Амазон 2013 година
Амазон 2019 година - Четири недели по ред таму беснееја пожари
Сателитските снимки можеби најдобро покажуваат како се менувала ситуацијата со текот на годините
Истото подрачје по сечењето на стеблата за фармерство
Пожарите голтаат гора од црн бор на подрачјата што сме навикнати да ги гледаме само во снег и мраз
Вака изгледаше глечерот Окјокул кога сè уште постоеше
Топењето на езерото Окјокул
Мадагаскар во последните 30 години остана без речиси 80 отсто од своите шуми
Вака изгледа денес
Вака изгледаше Големиот корален гребен кај Австралија пред 2016 година
Вака изгледа сега. Поради високите температури на морето, коралите буквално се сварија
Аралското Езеро изгледаше вака во 2000 година. На фотографијата се гледа и каде била границата на езерото во 1960 година
Вака изгледаше езерото во 2018 година. Речиси е исчезнато
Во Тихиот Океан плови и голем остров од отпад за кој научниците тврдат дека е поголем од Франција, Германија и Шпанија заедно
Веќе 15 години истекува нафта во Мексиканскиот Залив. Сè започна по разорниот ураган „Иван“
Исто така, во Мексиканскиот Залив во 2010 година потона нафтена платформа, што се смета за најголема нафтена еколошка катастрофа во САД
Танкер полн со нафта се судри со гребен кај Алјаска во 1989 година и во морето се излија 11 милиони галони нафта
Кинескиот речен делфин е прогласен за изумрен во 2006 година
Синиот папагал, кој беше инспирација за ликовите во цртаниот филм „Рио“, беше прогласен за изумрен во 2018 година