X
 16.11.2022 Живот

Како растел бројот на населението од почетокот на 20 век? Погледнете која земја наскоро ќе биде најнаселена

Кина во наредниот период ќе биде симната од тронот од страна на друга азиска земја, а се предвидува дека една африканска земја ќе ги престигне САД до средината на 21 век.

Според извештајот на ОН од 15 ноември 2022 година, повеќе од 8 милијарди луѓе живеат на Земјата, а како 8-милијардитиот жител беше прогласена Винис Мабансаг, родена во Манила.

Податоците покажуваат дека нашето население моментално расте со најбавно темпо од 1950 година, а процените се дека до 80-тите години од 21 век населението би можело да го достигне својот врв, по што ќе стагнира.

Исто така, во наредниот период се очекува Индија да стане најнаселена земја во светот, а се предвидува дека Нигерија ќе ги надмине Пакистан и САД и ќе го удвои сегашното население до 2050 година. Што се однесува до Кина, нејзината популација моментално се намалува и ќе продолжи да се намалува.

Предвидувањата можете да ги погледнете во видеото подолу:



Извор: National Geographic
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот