X
 13.02.2017 Наука

Зошто аутизмот почесто се јавува кај момчињата?

Истражувачите откриле дека девојчињата кои имаа мозочна структура послична со онаа која е „типична“ за машките, се повеќе склони кон развој на аутизам отколку оние со „типичен женски“ мозок. Откритието може да помогне во објаснувањето на фактот што момчињата се два до три пати повеќе добиваат ваква дијагноза отколку девојчињата.


Фото: Pixabay

Аутизмот е невролошко нарушување кое се карактеризира со оштетени социјални интеракции, како и оштетена вербална и невербална комуникација. Но, зошто почесто се јавва кај момчињата? Во неодамнешна студија откриено е дека девојчињата имаат различен тип на симптоми, па често може да се случи и да не им биде поставена таква дијагноза, но во студија од „Гете“ Универзитетот во Германија било откриено дека развојот на мозокот исто така, игра голема улога.

Мозокот на машките и женските не е толку различен, но постојат одредени невролошки аспекти кои се повеќе вообичаени за машките отколку за девојчињата. Еден од нив е тенкиот церебрален кортекс. За да се провери дали ова игра улога во дијагностицирањето на аутизмот, биле споредени невролошките контроли типични за двата пола, кај 98 возрасни лица со аутизам (49 машки и 49 женски).

Дебелината на церебралниот кортекс, всушност игра клучна улога во меморијата, вниманието, перцепцијата и свесноста. Кортексот, кој е малку потенок кај машките, при магнетна резонанца на 49-те машки било откриено дека кортексот е уште потенок. Истражувањето не може комплетно да покаже дали ова е најголемата причина заради која машките се повеќе склони кон добивањето аутизам, но секако е показател, па во иднина се обезбедува простор за понатамошни истражувања во оваа насока.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука