X
 24.08.2018 Живот

Не дозволувајте кампањите против вакцините да ја вратат културата на страв од аутизмот

Случаите со мали сипаници се зголемуваат низ цела Европа бидејќи стапките на вакцинација се намалија. Тоа е проблем за кој медицинските власти веруваат дека делумно се должи на дискредитираната кампања на Ендрју Вејкфилд, кој се обидува да ја поврзе вакцината ММР (мали сипаници, заушки и рубеола) со зголемување на дијагнозите на аутизам. Токму поради кампањата на Вејкфилд, аутизмот во одредени делови се смета како катастрофално и неизлечиво зло и најголемата траума што може да ги погоди родителите.

Бидејќи почна да се идентификува во 40-тите години, аутизмот се гледал како проблем и постоела потреба од лек. Но не постои таков лек. Со децении состојбата била обвиткана во мистерија, а родителите веќе долго време ја бараат причината за аутизмот. Вејкфилд им обезбеди лажно објаснување. Но, сега знаеме дека е природна појава на невродиверзитет: мозокот на аутистите се разликува од мозокот на невротипичните луѓе.

антивакцини
Фото: Getty Images


Во 1998 година Вејкфилд објави труд што погрешно сугерирал дека комбинираната вакцина против сипаници, заушки и рубеола е одговорна за поттикнување на наводно нова состојба наречена „аутистичен ентерколитис“. Подоцнежните истраги покажале дека Вејкфилд имал измислени податоци и нејасен судир на интереси. Коавторите на Вејкфилд се откажале од трудот, списанието објавило негово повлекување, а на Вејкфилд му била одземена дозволата за практикување медицина во Велика Британија. И покрај ова, кампањите против вакцините продолжија да доминираат во нашиот културен разговор околу аутизмот. Зошто, кога целата наука покажала поинаку? Растечкиот скептицизам на авторитетите објаснува дел, но стравот од аутизмот е во срцето на страшните приказни.

Вејкфилд го уназадил прифаќањето на аутизмот како природна форма на човечката варијација со децении. Луѓето што се против вакцините го „киднапираа“ разговорот. Аутистите сакаат да разговараат за нивните права, нивната борба да најдат работа и нивната борба во невротипичниот свет. И движењето за невродиверзија сега почнува да ја контролира својата автономија. Сега аутистите започнуваат да водат разговори. Сепак, штетата предизвикана од кампањите против вакцините сѐ уште се чувствува.

Јас сум аутист, ми беше дијагностициран аутизам пред 10 години, во 2008. На 12-годишна возраст немав начин да дознам дека антивакцинацијата е сѐ уште тема околу аутизмот. За среќа, моите родители не се вклучуваа во вакви разговори. Тие беа загрижени за моите потреби, мојот пристап до образованието и вработувањето. Но, многу аутистични деца и возрасни се фатени во оваа бизарна и често ужасна епизода - дискусијата е често фокусирана на тоа како родителите да избегнат да имаат аутистично дете наместо да ги прифатат можностите за невродиверзитет.

Културата на страв што Вејкфилд ја потпомогна и ја поттикна ја презедоа екстремно десничарските политички движења, кои ги капитализираат стравувањата што го опкружуваат аутизмот.

За аутизмот, тајмингот на лажниот труд на Вејкфилд не можеше да биде полош. Историски момент кога вистинската распространетост на аутизмот почна да се гледа поради поголема јавна свест, подобри методи на скрининг итн. Така, Вејкфилд го обвини зголемувањето на бројот на вакцините. Тоа имаше катастрофален ефект врз луѓето со аутизам, кои мораа да ја носат стигмата дека се „повредени од вакцините“, покрај тоа што се соочуваат со аутизмот.

Автор: Карл Најтс
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот