Замислете ја следнава ситуација - имате 18 години, само што сте станале полнолетни, но наместо да размислувате за факултет, ве врбува Реал Мадрид. И не, притоа не сте играч, туку фудбалски тренер. Неверојатната приказна доаѓа од Велика Британија.
Џордан Хадавеј е од Ливерпул и само што наполнил 18 години добил работа од соништата. Ова момче добило постојано вработување во Реал Мадрид, најтрофејниот клуб на светот. Џордан веќе е тренер на велшки сениорски тим. Станува збор за тимот Кајрус, кој се натпреварува во петтата лига на Велс, но и покрај тоа што сè уште нема ни брада, Џордан веќе е тренер на фудбалери кои се многу постари од него.
- Сите играчи ми се обраќаат со „шефе“, иако тоа сѐ уште ми е чудно. Од првиот ден им реков да ми кажат ако не ме сакаат, но односот ни е прекрасен - изјави Џордан.
Како што вели тој, порано сакал да биде фудбалер, но уште на 16 години сфатил дека тоа не е за него.
Џордан неодамна добил УЕФА Б-лиценца за тренери, а го забележал и славниот Реал Мадрид. Стапиле во контакт со него и тинејџерот ќе биде тренер во академијата на Реал на подрачјето на Велика Британија. Тој во текот на летото ќе ги води клупските кампови на Реал.
Кралскиот клуб ги забележал неговите резултати на академијата на УЕФА. Откако одржал предавање на академијата на мадридскиот великан, Џордан добил понуда што не се одбива.
Сепак, тој вели дека сѐ уште не е сигурен дали во животот сака да биде фудбалски тренер, желба му е да биде наставник во основно училиште.
Ако работата со учениците не му се допадне, добро е да има резервна опција од типот Реал Мадрид.
Извор:
Noizz