X
 15.02.2022 Спорт

УЕФА ќе додели 10.000 бесплатни билети за финалето на Лигата на шампиони

Вкупно 10.000 обожаватели на фудбалот ќе може бесплатно да го следат финалето на првенството Лига на шампиони организирано од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА). УЕФА потврди дека секој клуб што ќе учествува во финалниот натпревар ќе добие 5.000 бесплатни билети кои ќе им бидат доделени на обожавателите наместо на спонзорите или на претставници од клубовите.

Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ова е начин за награда на обожавателите за тешкотиите низ кои минале последните две години и поради поддршката на тимовите дури и надвор од стадионите. Финалето на Лигата на шампиони треба да се одржи во Санкт Петербург на 28 мај.

УЕФА потврди дека ќе подели бесплатни карти и за финалните натпревари на други првенства. Ќе се доделат 8.000 билети за финалето на Лига Европа во Будимпешта и 6.000 билети за финалето на Конференциската лига Европа во Тирана. Ќе бидат доделени и 3.000 бесплатни билети за секој од клубовите што ќе учествува во финалето на женската Лига на шампиони во Турин.

УЕФА одлучи и да ги замрзне цените за некои категории билети за финалето на машката Лига на шампиони за следните три сезони, иако најскапите билети ќе бидат покачени.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт