X
 13.02.2020 Живот

Скопјани добија можност да ја земат правдата во свои раце

Корумпираност, неправда, крик за правичност се во фокусот на граѓанската акција за креативна антикорупција која вчера се најде на повеќе локации во Скопје. Божицата на правдата Јустиција, со превез на очите, во едната рака ја држи препознатливата вага. Со другата го фатила судијата за нога, го тресе, а од сите страни паѓаат пари.



Симболичните претстави на правдата беа претставени пред неколку значајни институции во центарот на Скопје – пред Министерството за правда, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред Државната комисија за спречување корупција.



- Додека едни се „судат за 100 ќебапи“, најсериозните случаи на организиран криминал или не се процесираат, или постојано се одложуваат, или застаруваат. Буквално во сите истражувања, анализи и извештаи судството е на врвот на листата според впечатокот што граѓаните го имаат за неговата корумпираност... Ниеден судија досега не е процесиран. Не сакајќи, зрак на надеж на јавноста ѝ даде една јавна обвинителка, која на судии им порача дека ќе ги „истресе“. Држејќи ја за збор, и неа, и државата, која се залага за владеење на правото, денеска ќе ѝ помогнеме, поставувајќи ја Јустиција, која веќе „тресе“ судија. Ова е шанса за граѓаните барем за миг да си дадат одишка - и самите да ги „истресат судиите“ - велат активистите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот