X
 27.12.2022 Живот

Професор од Сараево стана хит на „Тик-ток“ со говор за корупцијата

Видео објавено неодамна на социјалната платформа „Тик-ток“ има над еден милион прегледи. Во него може да се види професорот Касим Татиќ од Економскиот факултет во Сараево како држи говор за корупцијата на неодамнешна конференција. Тој направил паралела помеѓу ситните кражби и корупцијата на државно ниво.

- Јас ги прашав студентите едно утро зошто ја мразат политиката. Тие велат дека крадат, корупција, ова-она. Во ред, вие не сакате кражби? Велат дека не сакаат. Ги прашувам дали некогаш украле нешто. Велат: како тоа ние да крадеме? Јас ги прашувам: колку од вас се „шверцале“ во трамвај утрово? Петнаесет од нив кренаа рака. Но, тогаш следува коментар за кој знам дека ќе дојде: „Професоре, марка и 80 фенинзи“. Е, тука те чекав. Толку си можел да украдеш верувајќи дека никој не те видел. Ти не си против кражба, ти си само огорчен затоа што не си во позиција да украдеш пет милијарди, а никој да не те гони. Мојата поента е следна: системот во кој живеете не може да го смените во најголем број од случаите, но може да го смените системот според кој живеете. Тоа никој нема да ви го забрани - вели професорот во видеото.

@poliferostoklajcvaj Dobra mu ova baš. #foryou #foryoupage #wisewords ♬ original sound - Ekstaza uma


Извор: Studentski
Насловна фотографија: TikTok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот