Нова оптичка илузија предизвика дискусија на социјалните мрежи бидејќи луѓето не можат да се договорат колку нијанси на виолетова боја гледаат.
Илузијата стана хит на социјалните мрежи откако неодамна беше објавена на „Твитер“, каде што коментираа над 10.000 луѓе, а уште повеќе ја споделија. Одговорите варираат од 3-4 до 21.
- Колку бои гледате? Јас гледам три - пишува твитер-корисникот кој ја споделил фотографијата.
Бројот на нијанси што ви се видливи всушност се темели на
илузијата на Мах Бандс. Имено, на местата каде што преминува другата боја, нагласениот контраст може да го измами мозокот, а тоа зависи и од други фактори, како што е прекршувањето на светлината на екранот на уредот што го користиме.
- Бројот на бои што ги гледате најмногу зависи од екранот на уредот од кој ја гледате сликата, без оглед дали станува збор за паметен телефон, лаптоп или десктоп-компјутер - објаснува твитер-корисникот кој ја сподели фотографијата.
Извор:
Index.hr
Фото: Twitter