Уметникот Бенкси на својот инстаграм-профил го прикажа своето дело од 2009 година на кое ги прикажува политичарите како шимпанза.
Во делото „Парламентот кој делегира“ се прикажани политичари во Долниот дом како шимпанза.
Првпат ова дело е прикажано во Музејот и уметничка галерија Бристол 2009 година, во рамките на изложбата Бенкси VS Музејот Бристол.
Сликата потоа ја купи непознат колекционер, кој сега му ја позајми на музејот за да обележи една деценија од првото откривање на сликата.
Бенкси даде дозвола
делото, кое е широко 4 метри, да се врати на изложба.