1. Бриж, Белгија
Ова средновековно гратче е едно од најубавите
есенски места во Европа. Винова лоза во разни нијанси на пурпурна и златна боја ги прегрнува историските градби. Местенцето е целото на вода, па шаренилото создава романтични сцени и совршени појави за фотографирање. Белгија е позната по чоколадите, а за да се згреете во студениот есенски ден, напијте се топло чоколадо.
Фото: Бриж/Pixabay
2. Осло, Норвешка
Осло е преполно со питорескни паркови кои иако се преубави во текот на целата година, дури наесен блеснуваат во полн сјај. Оваа доба е вистинско време за истражување на Осло, а локации што вреди да ги посетите се тврдината Акерсхус, паркот на скулптурите Вигеланд и шумата Осломарка.
3. Кумбрија, Англија
Англискиот Округ на езерата е преполн со неверојатни сцени, кои особено стануваат спектакуларни кога ќе ги попримат боите на есента. Тука можете да ги истражувате околните езера и блиските шуми, како Гриздејл, каде што растат зелени борови и бакарни буки.
Фото: Кумбрија/Pixabay
4. Уканц, Словенија
Во западниот дел на Бохињското Езеро е сместено селцето Уканц. Уканц е одлична појдовна точка за истражување на околната природа, како врвот на планината Вогел, што го нуди еден од најубавите погледи во Европа, особено наесен, кога лисјето попримаат силно црвена и нијанси на златна боја, кои се одразуваат во кристално чистото езеро. Во близина се и водопадите Славица, а можете да организирате планинарска тура до Долината на триглавските езера.
5. Виклоу, Ирска
Ако не сакате да се судрите со други туристи, најубаво време да ги посетите ирските планини е есента. Ако сте расположени за планинарење, ова е идеално место преполно со водопади. Можете да ги истражите и историските места како Глендалох, а одморот после активностите побарајте го во најблискиот паб со кригла „гинис“.
Фото: Минхен/Pixabay
6. Баварија, Германија
Многу градови, дворци, прекрасна природа... Баварија е место каде што нема да ви биде досадно. Ако сте расположени за активен одмор, можете да се искачувате на Алпите, ако, пак, сте повеќе за историски истражувања, 25 дворци и палати ве чекаат да ги откриете. За тие што сакаат да ги пробаат локалните пијалаци, Октоберфест во Минхен се случува во септември, а можете да ги посетите и баварските винарници.
7. Трансилванија, Романија
Сите ја знаат како домот на грофот Дракула. Но Трансилванија има и преубава природа и многу средновековни дворци што може да се истражат. Појдете на пат низ планината Фагараш во Јужните Карпати, со повеќе од 20 врвови кои нудат погледи што го одземаат здивот.
(
Фото: Thinkstock)