X
 13.02.2022 Наша тема

За жените во науката, Македонија земја на силни уметници и интелектуалци, студентскиот живот во Шпанија... Што пишувавме неделава

Томислав Османли: Македонија е земја на слаби лидери и на силни уметници и интелектуалци 

Ниту еден премиер последниов четврт век не појмил дека токму уметноста, литературата, со еден збор елитната креативна култура е клучниот ресор и поле на дејство и на афирмација на Македонија, вели Томислав Османли.

Ботаничката градина – можност за студентите да навлезат во светот на растенијата

Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет прослави 70 години постоење. Градината зафаќа простор со површина од 14 хектари. Еден од најзначајните е објектот за аклиматизација, одгледување и репродукција на ендемични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на Македонија.

Магдалена Тасевска за студентскиот живот во Шпанија

Дел од „одливот на мозоци“ е и Магдалена Тасевска од Скопје, која се одлучила своето високо образование да го продолжи надвор. Таа е прва година на факултетот „Instituto de Empresa“, т.е. „Институт за бизнис“ (ИЕ) во Шпанија, на насоката бизнис-администрација. Нѐ заинтригира зошто една Македонка посакала да учи во Мадрид, зошто се одлучила за тој факултет и низа други прашања поврзани со нејзините бруцошки денови во една од најпосакуваните земји за летување.

„Портокаловата марама“ од Сања Поповска – продолжение на битката со мултиплекс склероза

Писателката Сања Поповска, чие пишување им даде поттик на многу жени во борбата со мултиплекс склероза, објави продолжение на нејзиниот прв роман „Девојката со портокалова марама“. Новата книга, која излезе од печат деновиве, го носи насловот „Портокаловата марама“, а со тоа во името повторно како симбол ја има заштитната боја на лицата што се соочуваат со оваа болест.

Македонската жена остава траги во науката, интервју со проф. д-р Христина Спасевска од ФЕИТ по повод Денот на жените во науката  

Низ историјата, жената речиси и да немала можност да гради научна кариера. Но, состојбата полека се менувала. Сега таа е на исто рамниште со колегите мажи, имајќи ги предвид сите предизвици на оваа професија. Токму препознавајќи ја потребата за истакнување на улогата на жените во науката и технологиите, Генералното собрание на Обединетите нации, одржано на 22 декември 2015 година, донело резолуција со која 11 февруари се прогласува за Ден на жените во науката.


За таи чи чуан и неговата улога во намалување на стресот со сифу Дана Сиљан

Откако цели 20 години кунг-фу клубовите не успеале да се договорат да основаат Вушу федерација, Дана Сиљан и Елена Ставреска успеале некако да ја формираат Македонската вушу федерација, која пред 5 години станала и дел и од Интернационалната вушу федерација (IWUF)


Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема