X
 17.09.2023 Живот

За реновирањето на студентските домови, најдобрата студентка на ТМФ, студентски мемоари со Панде Петровски... Што пишувавме неделава

Вероника Стојановска дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет со просек 9,84: „Особено ме привлекува наномедицината“

Интересен факт е тоа што на светско ниво бројот на жени инженери-технолози е значително помал од оној на мажите. Сепак, на мојот факултет девојчињата значително доминираа во студиите, вели Вероника Стојановска од Велес, која го заврши Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ со највисок просек од 9,84. Таа беше дел од 12. најуспешни инженери во државата што годинава го добија високото признание „Инженерски прстен“ од претседателот Стево Пендаровски.
СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Панде Петровски (83) завршил Педагошка академија, ликовна насока во 1963 г. „Учев и творев со ентузијазам, а денес делата ги чувам во влажна визба“

Во визба од некогашното турско училиште во Битола, во која има влага, а при врнежи се поплавува, без соодветна дограма и услови за одржување, своите уметнички дела ги чува еден од најголемите битолски уметници - Панде Петровски (83). Фасадата од објектот е неугледна, исчкртана со спрејови, по скалите има ѓубре и искршено стакло. Во просторијата која уметникот се обидува да ја чува беспрекорно чиста се оштетени кутиите со делата поради влагата.

Додека се чека реконструкцијата на студентските домови во Скопје, студентите од внатрешноста плаќаат изгор кирии

Сѐ уште не е избрана фирма изведувач која ќе ги реконструира студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје иако од Министерството за образование минатата година за Факултети.мк најавија дека постапката ќе заврши до крајот на 2022, а градежните зафати ќе започнат во март 2023 година. По пет месеци од терминот кога требаше да започне реконструкцијата, од Државниот студентски дом - Скопје велат дека проектот за избор на изведувач е во завршна фаза и изведени се подготвителните активности за почеток на градежните работи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот