X
 20.03.2022 Живот

Анастасија Петрески плени со своите креации, младите возачи на автобуси се раритет, е-спортот ќе стане олимписки спорт... Што пишувавме неделава

Младата дизајнерка Анастасија Петрески од Кичево плени со своите креации

Студентката на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје добила понуди за соработка со познати српски стилисти, што ѝ овозможило српската пејачка Едита Арадиновиќ на свој настап да носи нејзина креација.

Владимир Јанковски: Желбата – најсилен агенс за промена на нештата

Војната во Украина е нешто што мора да запре колку што е можно побрзо, страдањето на оние што остануваат и на оние што бегаат мора веднаш да заврши, вели Јанковски. Неговиот роман беше добитник на наградата „Роман на годината“ и кандидат за меѓународната награда „Балканика“...

Младите возачи на автобуси – раритет во Македонија

Иако ова е наш долгогодишен фамилијарен бизнис, размислувам за работа некаде надвор од границите на Македонија, каде што условите и примањата за возач како мене се многу подобри, а професијата многу поценета, вели Зивчевски, 26-годишен возач на автобус.

Е-спортот ќе стане дел од Олимписките игри, вели Бобан Тотовски, претседател на МЕСФ

Првпат минатата година се закитивме со златен медал, откако нашата репрезентација во играта Кантер-страјк (CS:GO) стана светски шампион. Инаку, Македонската e-спорт федерација е 66. официјално призната глобално, а истовремено е и една од десетте првоформирани во светот, вели Тотовски.

Битолските музејски пафти се ремек-дела на народниот мајстор – истражување на етнологот Ефросинија Паревска

Збирката брои 30 примероци, од кои 13 се целосно зачувани, а меѓу нив има и стари, градски пафти што ретко можат да се најдат затоа што дел од ваквиот накит завршил по туѓи музеи или бил претопен.


Киро Урдин: Цел живот се занимавам со уметност и сѐ уште не знам што е тоа

Имам направено над 100 изложби, сум направил филмови и сум напишал над 20 книги, но тоа не значи ништо за мене бидејќи јас не признавам поделби. Нема литература, сликарство, филм итн. Има само уметност




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот