Блокаторите станаа нормална појава во времето кога се рушеа рекорди со увоз на половни возила од Европската Унија, кои, иако стари, имаат понови технолошки карактеристики со различни сензори за предупредување при опасност во сообраќајот.
Роден сум во Детроит, а моите родители се по потекло од различни предели на Македонија. Татко ми има потекло од Скопје и од тетовското село Вратница, додека мајка ми од Прилеп. Имам убави сеќавања од моето детство кога одевме на посета во Македонија, за време на летните одмори, и сѐ уште одржувам контакт со моите роднини таму.
На десет години децата пишуваат песни за миленичињата и другарството, но прилепчанецот Благој Рујаноски-Стојановски уште во петто одделение во училишното списание објави песничка за својата желба да стане програмер.
Од почетокот на јули граѓаните можат непречено да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со моќност од 6 киловати. Универзалниот снабдувач „ЕВН Хоме“ ќе треба да им го откупи вишокот струја на граѓаните или да се пребијат во месечната сметка ако трошат повеќе од произведената енергија.
Некои од матурантите раскажуваат дека има случаи кога некој што учел не ја добил оценката што ја заслужува, додека тие што препишувале добивале високи оценки и сето тоа создава стрес и револт.
Современите технологии силно влијаат врз уметничкиот израз и дозволуваат развој на нови идеи, формати и медиуми со кои се стигнува до публиката. Наградуваниот македонски уметник Никола Радуловиќ, кој живее и твори во Софија, ја искористи ерата на мултимедијалното изразување за што повеќе луѓе да ги видат неговите уметнички дела.