X
 13.03.2016 Образование

Најелитното училиште за готвење во Париз

Идејата за одење на училиште по готвење во Париз стана малку „сонувачка“, исполнета со замислени моменти за заработка и совршено приготвени јадења.

Навистина е сон да ве учи да готвите страствен готвач со силен француски акцент. Но чистењето подови и постојаното викање е исто така дел од животот на еден готвач. Кулинарската култура во Франција е доста поразлична од било која друга. Што е тоа посебно во Франција?

Училиштата во Франција се разликуваат од останатите кулинарски училишта. Во Франција учите како да приготвите класични француски рецепти, но тоа го правите гледајќи, следејќи и вежбајќи. Кога имате предавања тие ве поттикнуваат да прашувате прашања, но кујната е местото на акцијата и повеќе се цени ако учите со внимателно гледање и следење, а помалку да прашувате бидејќи готвачите знаат и тоа како да викаат.

Одењето на училиште за готвење во Париз е како одење на доста интензивно патување за истражување на храната низ Франција. Таму секогаш се работи со локални производи, остриги, паштета од патка, црни тартуфи... Французите ги пишувале своите рецепти уште од самиот почеток, а оставале мал простор за грешки. Вашата работа е да ги следите овие рецепти до последната буква. Готвачот би требало да може да сече како хирург, да се движи како нинџа, да декорира како уметник и да оранизира како најдобриот менаџер во светот. Главната задача ви е да ги следите вештините со ножот, да научите да ја поднесите топлината и да ги запомните сите рецепти. Кога ќе го совладате сето тоа, работите стануваат поедноставни.


Никако не смеете да доцните. Од вас се очекува да се појавувате на време секој ден без исклучок. Во кујната секој има свој дел од работата, а ако не се појавите, тоа може да влијае врз работата на сите останати во кујната. Морате да бидете силни. Од вас ќе се бара да готвите се`уште живи јастози и слично. Вашето тело ќе се промени - исекотини по рацете, губење/добивање тежина. Рацете секогаш ќе ви мирисаат на лук и кромид. Сето тоа ќе остави последица врз вас. Нормално дека во кујната доста се пцуе и вика. Опкружени сте со адреналин, немате многу време за да бидете политички коректни или пристојни.


Се` на се, посетувањето на кулинарско училиште во Париз го зајакнува целиот ваш процес на учење. Да се биде во Париз значи да се биде подучуван од најдобрите во индустријата. Работата во кујна е постојано учење и само почеток. Сите вие со доволно амбиции и упорност сигурно ќе успеете.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование