X
 15.07.2017 Образование

Образование на фински начин

Финска има различен пристап кон наставата. Наместо изучување на посебни предмети и делење на областите, таму сето тоа се изучува заедно. 

Финскиот концепт се нарекува „учење базирано на феномени“. Функционира на следниот начин:

Наместо да се фокусираат на еден предмет како математика, учениците и наставниците одбираат светска тема која ги интересира – климатски промени, на пример, па на оваа тема ѝ пристапуваат од повеќе агли. Која е науката што стои зад проблемот? Како нациите планираат да се справат со проблемот? Каква литература стои зад темата?

Не се работи за замена на традиционалните предмети, но учениците на ваков начин добиваат можност да се здобијат со повеќе вештини наеднаш. Финските училишта бележат одлични резултати, а нивното образование е еден од најдобрите концепти на светот. Нивните основни училишта се на првото место во светот.

Ваквите методи се применуваат уште од 80-тите години. Од август 2016, секое училиште во Финска започнало со примена на методите на начинот што најмногу му одговара. Финската програма често е и критикувана од експертите. Некои наставници се загрижени дека учениците со помалку способности ќе имаат тешкотии и не ќе можат да бидат во тек. Но, финските власти од образованието се надеваат дека методите ќе бидат успешни и дека од ваквиот начин на образование ќе има низа придобивки.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование