X
 30.12.2015 Здравје

Зошто е важно да се мери загаденоста на воздухот?

Речиси секоја година, загаденоста на воздухот во поголемите градови низ Македонија е се` поголема и поголема, а последиците се се` потешки. Причините за високата загаденост на воздухот најчесто започнуваат од јавниот превоз со ниски стандарди, отсуство на подземни и алтернативни надземни сообраќајници, отсуство на еколошки возила за јавен превоз, неможност за користење на велосипеди, лоша сообраќајна култура итн.

Особено во зимскиот период, овие појави предизвикуваат долготрајно задржување на издувните материи и нивно таложење на сите растенија, животни и човекот. Потребни се соодветни мерки за намалување на загаденоста како на пример еко-пријателски јавен превоз, забрана за користење на возила во одреден временски период, изградба на кружни текови, подигнување на заштитни улични дрвореди, дозвола за користење на возила со високи еко стандарди (Еуро 5 и Еуро 6), изградба на подземни пешачки премини.

Исто така, добра препорака е луѓето барем неколку часа да излезат надвор од градот и да посетат некоја планина или повисоко место, на почист воздух.

Според извештајот објавен претходно оваа година од Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот денес убива околу 7 милиони луѓе годишно насекаде низ светот и претставува еден од најголемите ризици за здравјето на животната средина.

Со цел да се преземе акција за оваа алармантна статистика и да се исчисти воздухот, важно е да се знае каде загадувањето е најконцентрирано, како се случува, кои елементи се вклучени и како може да се неутрализираат. За да се направи ова, потребен е сеопфатен мониторинг на воздухот на национално и на меѓународно ниво.

Меѓу другите загадувачи, мониторите на воздухот треба да проценат колку количина на јаглерод диоксид (СО2), јаглерод моноксид (СО), азотен оксид (NOx), озон (O3) и честички 2.5 (PM2.5) има во воздухот. Ова овозможува да се види каде и зошто се случува загадувањето, и што можиме не само да избегнеме, туку и да направиме за да се имплементираат мерките за намалување на загадувањето.

Мониторинг на водухот во домот

Многу домови содржат значително повисоко ниво на загадување отколку воздухот на отворено, поради едноставна причина - лошата вентилација, што значи дека загадувањето не излегува од никаде.

Воздушните монитори за воздухот како „Speck“ се специјално дизајнирани за следење на нивото на штетните загадувачи пронајдени во затворените простории и нудат препорака како да се намали концентрацијата на загадување и да се постигне оптимално затворена животна средина.

Индустриски мониторинг на воздухот

Се знае дека оние кои работат во фабрика се изложени на поголем ризик од вдишување на штетни хемикалии и гасови како резултат на нивната изложеност на емисиите. Затоа, потребно е исполнување на стандардите за безбедност во индустриска зона за заштита и на работниците и на работодавците.

Мониторинг на воздухот во градовите

Додека постојат голем број податоци собрани од следење на воздухот на владините страни, сепак малку им помага на оние кои живеат во специфични околности. На пример, податоците би биле неточно доколку живеете во близина на прометна раскрсница или покрај фабрика.

Затоа потребна е сеопфатен мониторинг на воздухот во специфични локации. Потребни се погодни технологии за носење, како што се сензори интегрирани во паметни телефони или други уреди. Преку овој метод, самиот човек на улица може да биде трансформиран во инструмент за мерење на квалитетот на воздухот, каде и да оди, обезбедувајќи точни информации за квалитетот на воздухот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје