X
 17.09.2022 Технологија

Зошто електричните автомобили во Германија одеднаш не се возила на иднината?

Иднината на електричните автомобили, од кои автомобилската индустрија има големи очекувања, е загрозена поради енергетската криза и растот на цената на струјата.

На тоа предупредуваат експертите за автомобилска индустрија, кои додаваат дека производството е загрозено не само од цената на струјата, туку и од поскапувањето и недостигот на делови, како и од падот на расположливи средства. Доколку овој тренд продолжи, тоа ќе влијае и врз потенцијалните инвеститори, кои ќе престанат да вложуваат, според нив.

Кога цената на бензинот почна да расте, електричните автомобили станаа попривлечни, но со зголемувањето на цената на струјата, која во Германија за една година се зголеми за една третина, таа предност се намали. Трошоците за полнење на електричните автомобили се зголемија за најмалку 10 отсто, а се очекува дополнително да растат.


Фото: Pixabay

Еден од најголемите германски оператори за полнење електрични возила на почетокот на овој месец ја зголеми цената за еден киловат-часа од 43 евроценти на 47 евроценти. Цената за супербрзо полнење се зголеми од 68 евроценти на 75 евроценти за киловат. Одредени синџири супермаркети што досега нудеа бесплатно полнење сега ја наплаќаат оваа услуга.

Помалиот интерес за електрични автомобили во Германија придонесе и за намалување на државните субвенции за нивно купување, кои од следната година би требало да се преполоват на 4.500 евра, додека сегашната помош од 6.750 евра за хибридни возила ќе биде стопирана.

Еден од предлозите што го поттикна купувањето електрични автомобили е зголемување на даноците за возила на бензин, но и други поволности за електричните автомобили, како повеќе паркинг-места итн.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија