Клучот до среќата можеби се крие во вашиот нос. Научниците тврдат дека постојат одредени ароми што може да ве направат посреќни.
Бор
Истражување покажало дека мирисот на бор помага во намалувањето на стресот. Дополнително, истражувачи од Универзитетот на Кјото откриле дека прошетката во шума ги намалува депресијата и анксиозноста.
Фото: Pixabay
Цитрусни овошја
Ако ви треба нешто да ве расположи, мириснете некое цитрусно овошје. Аромата на овие овошја ги зголемува енергијата и концентрацијата, а може и да го намали стресот, според повеќе истражувања. Луѓето го поврзуваат мирисот на цитрусно овошје со чистота и пријатност поради рекламите за производите за чистење.
Крем за сончање
Мирисот на кремот за сончање ве потсетува на сончеви денови и одмор? Не сте единствени. Позитивниот ефект на оваа арома е во тоа што таа се поврзува со времето на одмори, кога најчесто сме посреќни и порелаксирани.
Свежо сечена трева
Истражувачи во Австралија откриле дека хемиската состојка што се испушта при сечење на тревата ги релаксира луѓето и прави да се чувствуваат посреќни.
Фото: Pixabay
Цвеќе
Мирисот на одредено цвеќе може да ве направи посреќни. Поточно, лавандата има смирувачки ефекти и може да ги намали проблемите со несоница и депресија. Од друга страна, јасминот го подобрува расположението.
Рузмарин
За рузмаринот било покажано дека ја подобрува работата на мозокот. Истражувања покажале дека овој мирис помага подобро да помниме.
Фото: Pixabay
Пеперминт
Истражувања покажале дека атлетичарите што мирисаат пеперминт се подобри во спортските изведби и имаат подобро дишење. Освен тоа, маслото од нане може да го подобри расположението и да го стимулира мозокот.
Бебешка пудра
Доколку ви се допаѓа мирисот на бебешка пудра, можеби имате носталгична реакција. Експертите велат дека овој мирис потсетува на безбедност и сигурност од детството, а родителите ги потсетува на моменти на среќа.
Извор:
The healthy
Фото: Pixabay