X
 07.12.2017 Живот

Омилените книги на Бил Гејтс за 2017 година

Бил Гејтс чита околу 50 книги годишно, но само неколку се на неговата листа со омилени. Ова се негови препораки за 2017 година:

фото извор: CNET

1. „Најдоброто што можеме да го сториме“ од Ти Буи (2017)

Автобиографска новела која ја раскажува приказната за ќерка на виетнамски бегалци што доаѓаат во САД по падот на Саигон во 1975 година. Таа дознава тешка вистина за жртвата на нејзините родители. Гејтс вели дека ова е една семејна приказна што е различна од другите.

2. „Протерани: Сиромаштија и профит во американскиот град“ од Метју Дезмонд (2016)

Гејтс ја нарекува оваа книга „интензивен портрет на американската сиромаштија“. Авторот е социолог од Универзитетот „Принстон“, кој поминал 18 месеци во две соседства во Милвоки, Висконсин – едното претежно составено од белци, а другото од црнци, со високо ниво на сиромаштија. Тој ги документирал нивните животи. Гејтс вели дека авторот направил читателот да разбере зошто луѓето ги правеле потребните избори.

3. „Верувај ми: Мемоар на љубовта, смртта и џез-пилињата“ од Еди Изард (2017)

Изард пишува за тоа како ги надминал своите тегоби како дете, како научил нови вештини и станал светски признаен комичар, актер, писател и активист. Гејтс вели дека успеал да се поврзе со Изард иако немаат речиси ништо заедничко.

4. „Симпатизерот“  од Виет Тан Нгујен (2015)

Новела што добила Пулицерова награда, а раскажува приказна за виетнамски двоен агент кој шпионира бегалска заедница во Лос Анџелес во име на северновиетнамската влада. Книгата дава увид во тоа како е да се биде помеѓу двете страни на Виетнамската војна, вели Гејтс.

5. „Енергија и цивилизација: Историја“ од Вацлав Смил (2017)

Како енергијата обликувала општества низ историјата. Гејтс прочитал 37 книги од овој автор, а последната е за врската помеѓу потрошувачката на енергијата и економскиот раст.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот