На почетокот на овој месец беа укинати мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз во Виена, Австрија. Оние што сепак сакаат да носат маска, би можеле да се соочат со парична казна.
Според локалните медиуми, може да се применува казна до 150 евра врз основа на закон усвоен во 2017 година. Тој закон предвидува забрана за покривање на лицето на јавно место. Исклучок е носењето маска од медицински причини, а пред пандемијата за тоа била потребна потврда од лекар.
Министерот за здравство на Австрија, Јоханес Раух, порача дека носењето маска засега не претставува кршење на законот.
Останува неизвесно како ќе се однесуваат надлежните власти кон оние што ќе носат маски. Од Министерството за внатрешни работи порачаа дека носењето маска нема да се смета за прекршок доколку личноста може да докаже дека носи маска од здравствени причини.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay