X
 13.03.2024 Живот

ЕУ ќе ги забрани амалгамските пломби од 1 јануари 2025 година

Советот на Европска Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на амалгамските пломби што содржат жива, која ќе стапи во сила на 1 јануари 2025 година.
Сребрените или амалгамските пломби со децении беа основа во третманот на кариес, а за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива. 

Стоматолозите се загрижени поради живата во пломбите бидејќи иако е во мали количини, со текот на времето се акумулира во телото, особено во ткивата, како што се мозокот и бубрезите.

Од 2018 година забрането е користење на амалгамските пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.
Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10. производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачуваат побезбедни алтернативи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот