Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Од Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник „Вијести“.
Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000 жители.
Од Албанија најмногу заминуваат за Италија – 23.000, во Грција – 17.000 и Германија 10.000. Од БиХ најмногу се иселуваат во Германија -16.000, Словенија и Хрватска.
Од Косово, кое во овој документ е наведено како територија на ОН според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, лани најмногу луѓе заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половината, а потоа следуваат Словенија и Италија.
Од Македонија лани најмногу се отселиле во Германија – 11.500, а потоа во Италија и Словенија.
Извор: МИА