X
 13.04.2017 Технологија

Како да го забрзате вашиот интернет?

Се сеќавате на деновите кога внимателно го чекавте dial-up интернетот, а страниците се отвораа со неверојатно бавна брзина? Технолошките достигнувања од тогаш ни овозможија брз пристап до сите информации кои ни се потребни. Токму затоа бавната интернет конекција денес е речиси неподнослива и фрустрирачка.


Фото: Pixabay

Затоа, кога ќе се соочите со ваква ситуација, постојат неколку чекори кои треба да ги преземете за да откриете каде е проблемот и да го поправите.

1. Проверете ја вашата интернет конекција

Веројатно најочигледниот прв чекор е да ја проверите вашата wi-fi конекција. Во некои случаи, вашиот компјутер може да се префрлил на друга отворена, послаба wi-fi конекција, бидејќи вашиот привремено е исклучен - секако, ова доколку компјутерот сте го поставиле на автоматска wi-fi конекција.

2. Проверете го вашиот хардвер вклучувајќи ги и поставките „broadband router“

Ресетирањето на вашиот модем и рутер може да е решение за проблемот. Исклучете го и вклучете го повторно и видете дали ќе се реши проблемот.

3. Исклучете ги сите „broadband-hogging“ додатоци и апликации


Рекламите и програмите (особено видеата) кои работат во позадина би можеле да земат голем дел од опсегот без да знаете. Затворете ги сите прозорци и преземете „Ad Blocker“. Ова го решава само дел од проблемот но би можело привремено да ја забрза конекцијата.

4. Проверете дали преземате нешто

Преземањето може да ја забави вашата интернет конекција особено ако преземате датотеки со користење на „BitTorrent“. Ставете ги на пауза и видете дали вашата конекција ќе забрза.

5. Проверете колку ви е брз интернетот


Добро би било да проверите колкава е брзината на вашиот интернет и да видите дали плаќате за бавен интернет. Тоа можете да го направите со „Speedtest“ и да видите дали броевите се вклопуваат. Ако не, тогаш дефинитивно треба да се пожалите кај вашиот интернет провајдер.

6. Оптимизирајте ја вашата веб страница за бавна конекција


Ако треба да го пребарувате интернетот додека имате слаба конекција, тогаш корисен совет е да го оптимизирате веб пребарувачот префрлувајќи го в HTML или мобилна верзија и оневозможување на сликите.

7. Јавете му се на вашиот интернет провајдер

Ако ги исцрпивте сите можности и интернетот е уште бавен, време е да се јавите на вашиот интернет провајдер.

Како да ја забрзате интернет конекцијата? Следете ги овие едноставни чекори.

1. Оптимизирајте го веб пребарувачот

- Префрлете го пребарувачот како што е „Firefox“ кој обезбедува екстензии за да ги запрете рекламите или „Chrome“ кој нуди минимална меморија без потреба за „Flash“ и „JavaScript“. „Opera Turbo“ е специјално дизајниран за бавна конекција.

- Затворете ги сите прозорчиња кои би можеле да користат поголем опсег.

- Дозволете „cookies“ и „catching“. Тие овозможуваат побрзо вчитување на страницата.

2. Оптимизирајте го рутерот/модемот


- Ставете го рутерот во истата соба каде што е вашиот компјутер или на централно место во вашиот дом.

- Вашиот безжичен уред би можел да е бавен бидејќи вашата конекција се емитува на истиот канал како на вашите соседи. Користете програми како „inSSIDer“ за да ги проверите каналите во вашата близина.

- Одделете ги другите безжични уреди бидејќи тие би можеле да ја забавуваат интернет конекцијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија