X
 20.06.2017 Технологија

„Задолжително исклучувајте го Wi-Fi навечер“, предупредуваат експертите!

Сите ние понекогаш се прашуваме дали треба да ги исклучуваме Wi-Fi, Bluetooth и другите безжични конекции кога не ги користиме и дали тие имаат влијание врз нашето здравје кога се вклучени.

Сепак, последните истражувања на експертите за мобилна телефонија заклучуваат дека безжичните конекции, особено Wi-Fi, би требало да се исклучуваат во текот на ноќта. Главна причина за тоа, од една страна е затоа што тоа му штети на батеријата, затоа што уредот е константно поврзан на мрежата, без потреба. Тоа го скратува животниот век на батеријата, но и нејзиниот капацитет, кој бездруго со текот на времето опаѓа.

Доколку вашиот апарат има опција за менаџирање на работата на Wi-Fi би требало да го наместите на режим за автоматско исклучување пред спиење, затоа што, логично, доколку некој има итна потреба да ве исконтактира, најверојатно тоа нема да го прави преку интернет, туку ќе користи гласовен повик. Доколку, пак, вашиот телефон не нуди можност за автоматско вклучување и исклучување на Wi-Fi врската, имате можност да го користите сервисот IFTTT, па преку него да закажете исклучување на конекцијата, да речеме, секој ден на полноќ.

Стручните лица за овој вид технологија дури советуваат да се исклучува и Wi-Fi рутерот кога немате потреба од интернетска врска, за да го намалите зрачењето, но  и стресот, во секој случај.
Подготвил: Б.Б.

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија