X
 28.06.2017 Технологија

„Фејсбук“ го менува начинот на прикажување реклами

fb
Фото: Balkan Android

Од вчера и официјално, „Фејсбук“ ја достигна бројката од неверојатни 2 милијарди корисници, со што ја потврди својата апсолутна доминација во светот на социјалните мрежи.

„Напредуваме во поврзувањето на светот, а сега сакаме да работиме и на приближувањето. Беше чест да се биде на ова патување заедно со вас“, изјави Марк Цукерберг, основачот на оваа компанија.

Сепак, и натаму останува фактот дека компаниите како  „Фејсбук“, „Гугл“, „Епл“ и останатите, ги користат личните податоци на корисниците на своите сервиси, без оглед на фактот дека не добиле официјално одобрение од нив при нивното регистрирање.

Неодамна од „Гугл“ соопштија дека ќе престанат со скенирањето на корисничките мејлови кои ги користеа како податоци за прилагодување на рекламите, што во секој случај е добар чекор во однос на заштита на приватноста на корисниците.

 „Фејсбук“ исто така одлучи да го промени начинот на собирање на податоци и прикажување на адаптирани реклами, но не на очекуваниот начин.

Имено, компанијата изјави дека огласувачите сега ќе можат да ги презентираат своите реклами врз база на примерокот од користењето на социјалната мрежа од сите членови на едно семејство.

Иницијалната идеја за вакво решение е дека односите меѓу членовите на едно семејство нудат корисни информаци при купувањето на определен производ.

На пример, со оглед  дека најчесто семејството оди на заеднички патувања, прикажувањето на реклами за патувања може значително да влијае врз нивната заедничка одлука при изборот на дестинација. Освен тоа, родителите можат да видат и предлози за подароци на своите деца за родендените или празниците, и слично.

За огласувачите, „Фејсбук“ и некои „засегнати“ страни, ова може да биде навистина корисна информација, но за лицата кои не сакаат компаниите да поседуваат нивни  податоци за личните преференции и не баш.

За среќа, постои и можност за исклучување на оваа нова можност. Сè што треба да се направи е да се исклучи опцијата за огласување во графата за регулирање на приватноста што ја нуди „Фејсбук“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија