X
 13.04.2018 Живот

Дали некогаш сте доживеале дежа реве?

Според легендата, Касандра, принцезата на Троја, била проколната да зборува само вистински пророштва во кои никој не верувал. Ако некогаш сте почувствувале дека нешто сте предвиделе во сон, веројатно сте се убедиле да го задржите во себе за другите да не помислат дека сте луди.

Добри вести: не треба да бидете толку таинствени за вашите психички соништа. Тие се всушност добро документиран феномен наречен дежа реве, меѓутоа, тие не значат дека можете да ја видите иднината.

Некои луѓе сметаат дека дежа реве (француски за „веќе сонувано“) е спротивно на дежа ви („веќе видено“). Но, за нас, повеќе се чини како спротивност на луциден сон. Во суштина, станува збор за чувство што го добивате кога сте во ситуација во реалниот свет што прави да се чувствувате дека некогаш сте сонувале дека ќе бидете таму или дека некако сте ги предвиделе вашите околности. Некои луѓе што се соочуваат со дежа реве чувствуваат дека нивните пророчки соништа ги имале уште порано. Но научниците откриле дека чувството на дежа реве не значи дека навистина сте го сонувале она што сте мислеле дека го сонувате.

Според ново истражување што се осврнало на медицински извештаи од епилептични пациенти од 1958 до 2015 година, искуствата со дежа реве се чести по електричната стимулација на мозокот, прилично стандарден метод за третман на епилептичните симптоми. Тоа сугерирало дека чувството за „веќе сонувано“ е резултат на нешто што психолошки се случило во мозокот, а тоа пак може да укаже на подобро разбирање за тоа како функционираат соништата.

И не станува само збор за чувството дека сте ги сонувале вашите тековни околности. Исто така, станува збор и за чувството дека можеби сонувате во моментот. Всушност, учесниците во истражувањето ги опишале своите искуства на три различни начини.

- Епизодичен: Многу пати луѓето што доживувале дежа реве можеле да посочат точен или приближен ден кога го имале пророчкиот сон.

- Сличност: Овие луѓе ја доживеале магловитата, сонлива меморија поврзана со нивните пророштва. Нивниот мозок запомнил нејасни, полузапомнети сцени што се одразуваат врз нивните сегашни околности.

- Состојба на сон: Овие учесници немале исто искуство како другите. Наместо тоа, тие почувствувале дека самото искуство било чудно и како во сон.

Ако сте доживеале дежа реве, треба да знаете дека е сосема нормално. За научниците, способноста да се предизвика чувство со стимулација на мозокот може да одговори на многу прашања во врска со соништата. „Разбирањето зошто некои соништа се помнат и декодирањето на менталната содржина на соништата се големи предизвици“, пишуваат авторите во истражувањето.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот