Сонот му е потребен на човечкиот организам исто како воздухот, храната и водата, а официјалниот рекорд во неспиење изнесува 11 дена.
И покрај тоа што е клучен за човечкиот организам, сонот ниту после 100 години изучување не е целосно јасен. Немаат сите еднакви навики за спиење, а околу 60% од луѓето спијат од 6 до 8 часа на ден, околу 35% повеќе од тоа, а 5% помалку од 6 часа на ден. Сепак, експертите се согласуваат - човек не може да живее без сон.
Несоница
Околу 40% од луѓето во текот на животот искусуваат фаза на несоница - хроничен недостаток на сон поврзано со отежнато заспивање, додека 15% од нив поради тоа земаат одредена терапија, во форма на таблет за успивање. Жените двапати повеќе се склони кон пореметувања во спиењето, а причините најчесто се зголемен стрес, уживање во психоактивни супстанци и физиолошки заболувања.
Последици од неспиењето
После еден ден неспиење доаѓа до чувство на поспаност, состојба на блага дезиориентираност и недостаток на концентрација слично како и при состојба на благо пијанење со алкохол. Кај продолженото неспиење, во зависност од човекот, после 2 до 3 дена доаѓа до благо пореметување на срцевиот ритам и главоболка, спонтано паѓање во сон и појава на визуелни и слушни халуцинации. Хроничното неспиење води до губење на имунитетот и исцрпеност на целото тело.
Граница на издржливост
Рекордер во намерно
неспиење е Ренди Гарднер чиј рекорд од 11 дена без сон е научно потврден. Не земал никакви стимуланси, и немал долгорочни физички последици. Сепак, ваквите експериментите реткост бидејќи се етички сомнителни за научниците. Иако се смета дека официјално не може да се умре од неспиење, недостатокот на сонот се поврзува со други работи кои водат до смрт - на пример, 26 годишен Кинез починал после 11 дена без сон, не престанувајќи да консумира алкохол, цигари и кофеин.
Спиење во циклуси
Луѓето отсекогаш го истражувале сонот и неговото влијание врз креативноста, а некои од познатите великани имале необични навики за спиењето - како на пример Леонардо да Винчи кој спиел 30 минути на секои 3.5 часа, Томас Џеферсон никогаш не спиел подолго од 2 часа во циклус, Наполеон спиел од полноќ до 2 часот наутро и од 5 часот наутро до 7. Иако постојат многу вакви примери, експертите не го препорачуваат овој начин на спиење.