X
 26.02.2020 Култура

Ретка можност да ја доживеете Норвешка на ист начин како Норвежаните

Като Бај Јохансен и Бодил Бертелсен Перкинс нудат ретка можност - да ја доживеете Норвешка како Норвежаните. Нивните автентични норвешки колиби, кои ги користат само членови на семејството и пријателите, неодамна станаа достапни за туристите да уживаат во нив.

Изминатата деценија Норвешка забележа зголемен број на туристи. Популарноста на дизни-филмот „Снежното кралство“ и воведувањето на „Инстаграм“ и другите социјални мрежи ја претставија Норвешка во светот, така што многумина сакаат да ја посетат и да откријат што ги прави Норвежаните едни од најсреќните луѓе во светот.

Некои од најпопуларните дестинации се преполни во сезоната за одмори и токму ова сакаат да го избегнат Като и Бодил. „Ол инклузив“ престојот е направен според потребите и интересите на гостите и е планиран за да го минимизира стресот. Со локален возач и водич, сите гости може да ги доживеат авантурите без да се грижат како да стигнат таму.

1
Малата колиба во Норсин

За разлика од крстосувањето или престојот во хотел, каде што турите се планирани со стотици и илјадници туристи кои ја прават истата работа во ограничено време, екскурзиите што Като и Бодил ги планираат се приватни и без метеж и притисоци. Престојот е персонализиран. Во овие волшебни, мирни и приватни места гостите можат да се опуштат и да уживаат.

Като, кој е поранешен член на норвешката морнарица, ги поминал последните три години реновирајќи ја планинската кабина на неговиот татко, која се наоѓа над Арктичкиот круг во Северна Норвешка. Тој добро ја познава областа и е компетентен водич. Кога го споделил напредокот на реновирањето со својата пријателка Бодил, таа му го споменала концептот за одмор што го развила минатата година, па одлучиле да ги здружат силите. Бодил има куќа покрај океанот на западниот брег на Норвешка, западно од Берген, вториот по големина град во земјата.

2
„Волф Ден“ во зима

Исто како Като, и таа ја реновирала куќата што нејзиниот татко ја изградил во младоста, но го оставила оригиналниот шарм. Таа пораснала во оваа област, така што е запознаена со нејзината историја. Синовите на Като ја нарекле куќата „Волф Ден“, а името на куќата на Бодил е „Норсин“, што во превод значи кон север.

Кога гостите престојуваат во „Волф Ден“ и „Норсин“, тие најпрво учат за вредностите на ресурсите и како не треба да се сфаќаат здраво за готово. „Волф Ден“ користи соларна енергија за напојување, а „Норсин“ ја собира водата од бунар и од покривот кога врне дожд.

Двете кабини нудат приватност, а во нивна близина има само неколку колиби. „Волф Ден“ се користи во текот на целата година, освен во декември и јануари, додека „Норсин“ се користи исклучиво во текот на летните месеци. Некои од најубавите искуства што ги нуди „Волф Ден“ се набљудување на поларната светлина во зима и полноќното сонце, како и долгите денови во лето. Риболовот на мраз и собирањето бобинки, како и планинарење или ски-патувања се многу популарни активности.

северни светла
Поларната светлина во близина на Арктичкиот круг

„Норсин“ се наоѓа надвор од градот Берген, кој е познат по светски познатите фјордови. Некои од достапните авантури се тури за посета на фјордовите, тури за пешачење и шопинг во Берген, бескрајни планинарења и сафари на водопади.

И двете локации нудат традиционално и автентично норвешко мени, вклучувајќи и приготвување и чистење по јадењето.

Извор: Ceoworld.biz
Фото: visitwolfden.com | ceoworld.biz
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура