X
 13.04.2018 Живот

Одлуки што значат квалитетен живот

За живот без каење, започнете веднаш - одлуки што значат квалитетен живот.

Започнете го проектот

Без разлика кој проект ви бил на ум, сега треба да започнете со реализација. Делот од вас што сега сака да креира нема да го поседувате засекогаш. Книгата што сте сакале да ја напишете на 25 години ќе биде многу различна од книгата што би ја напишале на 30, 35 и 40 години.

Додека се менуваме, се менуваат и нашата перспектива и нашите чувства. Создајте го она што сега сакате да го креирате и забележете го тој момент во времето.

Сакајте некого

Дали сте се поврзале со некој? Дали некој ви се допаѓа? Дури и ако знаете дека нема да стапите во брак со оваа личност или нема да го поминете остатокот од животот, дозволете си да ја сакате.

Направете го тој скок


Дали сега е единствено време во вашиот живот? Имате можност да направите нешто посебно. Што ќе се случи ако не го направите тој скок? Дали некогаш ќе добиете нова шанса?

Можностите се прикажуваат во вистинскиот момент. Тие никогаш не се совршени - можноста се нарекува можност бидејќи ви вели да ризикувате.

Поработете на вештините


Ако не работите на вашите вештини денес, тогаш нема да бидете поталентирани утре. Ако продолжувате да ги носите истите одлуки, нема никогаш да станете подобри. И пред да сфатите, вештината повеќе нема да ве интересира или нема да можете да ја научите нејзината суштина.

Затоа, научете ја сега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот