X
 10.11.2020 Живот

Забрането групирање на повеќе од четири лица на отворено и преку ден

Забрана за собирање во групи на повеќе од четири лица во паркови, на јавни површини или каде било на отворен простор во текот на цело деноноќие, секој ден, вклучување на Армијата во борба против Ковид-19, предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, грант за лиценцираните туристички водичи, се дел од вчерашните владини одлуки.

Од Влада информираат дека поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, може да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Со усвоениот предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се уредуваат превенцијата и мерките за заштита од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово базирано насилство и семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето податоци за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство.

- Усвоена е предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година, со што транспарентно и ефикасно ќе им се вратат средствата директно на сите што во 2019 година имаа уплатено туристичка такса. За реализација, во буџетот се обезбедени 120 милиони денари. Максималниот износ на грантот за туристичките агенции што имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000 денари, додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000 денари - информираат од Влада.
Со мерката е предвидено доделување грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност. Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка лиценца и не се вработени. Предвидено е грантот да изнесува 65.000 денари по апликант, за што се издвоени 9,8 милиони денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот