X
 18.09.2019 Живот

Не донесувајте одлуки со празен стомак

Носењето важни одлуки со празен стомак може да значи лош избор, посочува ново истражување на научници од шкотскиот Универзитет на Данди.

Истражувањата покажуваат дека гладот значително го менува начинот на кој луѓето носат одлуки, предизвикува расеаност и голема е веројатноста човекот да избере не многу поволно решение за одредена ситуација.

Во испитувањето учествувале 50 лица и сите биле тестирани двапати – еднаш „на гладно“ и еднаш кога веќе биле сити. Заклучоците покажуваат дека гладот ги менува приоритетите во области на интерес кои воопшто и не се поврзани со храната, на пример, деловните или лични односи.

Од друга страна, пак, познато е дека не треба да се пазаруваат прехранбени производи на празен стомак зашто тогаш поголема е веројатноста да купите нешто нездраво за јадење.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот