X
 14.03.2020 Живот

Шест нови заболени со коронавирус, се затвораат кафулињата, казината, продавниците во моловите

Шест лица од 12 тестирани денеска се позитивни на коронавирусот, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Петмина од заболените се од Дебар, а една пациентка пристигнала од Шпанија. Со тоа бројот на пациенти дијагностицирани со оваа болест, стигна до 18. Пациентката уште при летот почувствувала дека не е добра и патувала со маска и со медицински ракавици.

- Петтемина новозаболени пациенти се во болницата во Дебар и таму ќе се лекуваат. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои што може да ги лекува овие пациенти - рече Филипче и додаде дека сите се со лесна клиничка слика, налик на настинка.

Владата денеска донесе нови мерки. Се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. Се затвора аеродромот во Охрид. Се воведува забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО, а секој наш граѓанин кој ќе се врати од некоја од земјите со висок или среден ризик, ќе мора да пополни писмена изјава дека ќе изврши самоизолација.

Сите продавници во моловите да се затворат, освен маркетите и аптеките. Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин, преку онлајн-продажба и да вршат достава на истите. Целосно се забранува работата на кафетериите, обложувалниците, баровите, клубовите и казината,  соопшти министерот. 

Сите угостителски објекти кои вршат производство и продажба на храна, може да вршат работа на алтернативен начин, со онлајн-нарачки и да вршат достава или да овозможуваат самостојно земање, надвор од угостителскиот објект.

Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерите за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Владата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.

Венко Филипче, министер за здравство

- Не знаеме што може да очекуваме, довро е што имаме само едно место на локална трансмисија. Сите капацитети се спремни за третман на пациентите во болничките установи – рече министерот и уште еднаш апелираше да се остане во домовите.

Според министерот, респиратори имало доволно на Клиниката за инфективни болести, а имало и на другите клиники, но засега не се потребни. Здравствената состојба на поранешната директорка на Клиниката за кожни заболувања, е таква за што нема потреба од респиратор, одговори Филипче на новинарско прашање.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот