X
 13.04.2020 Образование

Наставниците работат на своја или на опрема стара една деценија

Одат во училиштата за да испечатат материјали, молат по пријатели, трчаат до најблиските книжарници, компјутерите им кочат, крчат, интернетот им е слаб, купуваат нови компјутери на рати... Наставата на далечина покажа повеќе слабости во основното образованието. Повеќето од наставниците ја изведуваат со сопствена компјутерска опрема. Но има и добар дел од нив што немаат соодветна опрема. Велат дека последните службени компјутери што ги добиле се стари 10 години. Сите немаат соодветни телефони или интернет и изгледа не е мал бројот на наставници што уште потешко ја минуваат корона-кризата.
Засега од Министерството за образование и наука - МОН не се нуди решение за нив, велат дека опремата е должност на училиштата и досега не се пристигнати реакции од наставници и дека се задоволни како тече наставата.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование