X
 27.03.2020 Наука

Британски научници создаваат домашен тест за коронавирус што ќе можe да се нарача и преку интернет

Наскоро во Британија ќе бидат достапни едноставни домашни тестови што ќе покажуваат дали сте заразени со коронавирус.

Професорката Шерон Пикок, директорка на Националната служба за инфекции во јавното здравство во Англија, во средата пред Парламентот на Велика Британија соопшти дека група научници развиле тест со боцкање на прст што утврдува дали некое лице е заразено со вирус.

Откако ќе бидат готови, јавноста ќе може да ги купува тестовите преку услуги како „Амазон“. Корисниците ќе го направат тестот дома, а потоа примерот ќе го испратат во лабораторија.

Пикок вели дека првично ќе им биде достапен на здравствените работници од Националниот здравствен сервис за да можат да се вратат на работа по болеста, но потврди дека веднаш потоа тестот ќе биде достапен за пошироката популација.

Таа додаде дека тестовите моментално се оценуваат за научниците да видат дали функционираат, а завршната фаза ќе биде до крајот на оваа недела, по што неколку милиони ќе бидат достапни низ цела Велика Британија.

test
Фото: Pixabay

- Откако ќе се увериме дека функционираат, тие ќе бидат пуштени во заедницата.  Очекувам тестирањето да заврши до крајот на неделата. Во блиска иднина луѓето ќе можат да нарачаат тестови - додава таа. 

Сепак, медицинските советници во Велика Британија ја минимизираат можноста за брза испорака велејќи дека прво треба да бидат правилно тестирани. Главниот лекар на британската влада, Крис Вити, изјави дека врз тестовите треба да биде извршено целосно тестирање.

- Полошо од тоа да немаме тест е лош тест. Сакам да бидам јасен, не мислам дека ова ќе биде нешто што ќе можеме да го порачаме од интернет во период од неколку недели. Треба да поминеме низ период на евалуација, потоа првите критични употреби. Треба да го направиме тоа на систематски начин - вели тој.

Извор: BBC | Business Insider
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука