Истражувачи за безбедност пронашле масивна кампања за малициозен софтвер кој веќе заразил околу 250 милиони компјутери во светот.
Наречен „огнена топка“, софтверот презема контрола над веб прелистувачите и ги претвора во зомби, дозволувајќи им на напаѓачите да ги шпионираат жртвите и да им ги украдат поатоците. „Огнената топка“ се поврзува со кинеска компанија која тврди дека продава апликации за дигитален маркетинг и игри на 300 милиони купувачи.
Исто така може да дојде до Вашиот компјутер и преку други програми кои ги преземате, а штом еднаш ќе се инсталира, се инсталираат и додатоци за да се манипулира веб прелистувачот на жртвата за истите да се заменат со лажни пребарувачи како Trotux.
Од техничка гледна точка, софверот кај уредот ги оневозможува способностите за откривање, има повеќеслојна структура и не е инфериорен на типичен малициозен софтвер.
За сега 20% од заразените се корпоративни мрежи во Индија, Бразил, Мексико, Индонезија, и САД.
Предупредувачки знаци дека Вашиот компјутер е заразен
Ако одговорите на следните прашања со „не“, тогаш Вашиот компјутер е заразен со овој или друг малициозен софтвер.
Отворете го пребарувачот и проверете:
1. Дали Ви е сетирана домашната страница (homepage)?
2. Дали можете да ја модифицирате домашната страна на пребарувачот?
3. Дали сте запознаени со стандардниот пребарувач и дали може да го промените него?
4. Дали се сеќавате дека сте инсталирале додатоци на
пребарувачот?