X
 13.04.2020 Живот

Што набљудувал „Хабл“ на вашиот роденден?

Откако телескопот „Хабл“ бил лансиран во 1990 година, тој направил повеќе од 1,4 милион набљудувања на различни ѕвезди, планети и галаксии расфрлани во нашиот универзум.

Додека телескопот со големина на автобус фучи околу Земјата со брзина од 27.000 километри на час, тој секој час, седум дена во неделата, 365 дена во годината е зафатен правејќи нешто. Значи во каталогот на овој телескоп има нешто интересно за секој ден од годината.

За 30. роденден на телескопот, НАСА создаде интересна алатка. Имено, сега можете да видите што набљудувал „Хабл“ на некој ваш роденден. Само треба да појдете на оваа страница и да го внесете датумот на вашето раѓање.

Извор: Science Alert
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот