X
 03.05.2020 Наука

Астрономите го фотографирале распаѓањето на кометата Атлас во близина на Земјата

Астрономите се надевале дека кометата наречена Атлас ќе го осветли небото оваа пролет со оглед на тоа што експертите предвидуваа дека таа ќе биде доволно светла за да се види со голо око. Наместо тоа, кометата се распаднала на делови.

Је Куанџи, астроном од Универзитетот на Мериленд, ја следел кометата со вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА на 20 април и успеал да направи фотографии кои ги споделил на „Твитер“.

- Го следевме распаѓањето на Атлас уште од првото откривање на почетокот на април, но со телескопи од Земјата не можевме да одредиме голем дел од местата каде што има остатоци - вели Куанџи.



Затоа тој го користел „Хабл“ и успеал да ги детектира малите остатоци. Овие остатоци ќе им помогнат на астрономите да разберат зошто кометата се распаднала. Претходните набљудувања откриле четири главни дела од кометата, но новите фотографии покажуваат дека два од тие делови дополнително се распаднале.

Кометата Атлас не е првото вселенско тело што се распаѓа, но таа се распаднала во близина на Земјата и притоа била многу светла. Кометата Атлас потекнува од Ортовиот облак, во кој има ледени планетизимали. Облакот се наоѓа на околу 15 билиони километри од Земјата. Атлас е втората комета од облакот чии остатоци се набљудуваат со „Хабл“ во 30-годишното функционирање на телескопот, вели Куанџи.

Автор: Меган Бартелс
Извор: space.com

Фото: Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука