X
 13.04.2021 Живот

Племе во Вануату го смета принцот Филип за бог

Племе во Вануату, кое го смета принцот Филип за бог, ќе ја одбележи неговата смрт со специјален ритуал и церемониски танц.

Племето живее на островот Тана во Тихиот Океан, во земјата што порано била англо-француска колонија. Припадниците на племето верувале дека принцот Филип е реинкарнација на воин кој го напуштил островот за да учествува во војна.

- Овде, на Тана, веруваме дека принцот Филип е син на нашиот бог, нашиот древен бог кој живее високо во планините - изјавил Нако Никиен, пренесува „Јуроњуз“.


Никиен е член на локален култ наречен „Движење на принц Филип“. Тој бил еден од петтемина што имале чест да се запознаат со Филип во 2007 г. како дел од мисија во чии рамки патувале до Велика Британија.

Никиен го опишал искуството како „дел од духовниот свет“. Според верувањата на племето, духот на принцот Филип никогаш нема да умре.

Филип почина во петокот, на 99-годишна возраст, во замокот „Виндзор“.

Извор: euronews.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот