X
 21.07.2018 Живот

Британците имаат 20 синоними за зборот леб

Секој Британец има различен термин за најпотребниот прехранбен производ - лебот.
Една студија спроведена од Универзитетот во Манчестер откри седум термини што се користат во Велика Британија за векна леб. Во Шкотска лебот го викаат „бап“, а во Ирска „блаа“.

Други варијации се „серија“ во Ковентри и во Ливерпул, а „џакејк“ во Западен Јоркшир.

Називите „пунџата“ и „кората“ се користат во Североисточната Англија и Мидлендс. Се смета дека има околу 20 зборовни варијации за белиот леб.

Британците велат дека баш поради овој факт не е чудо што нарачувањето леб понекогаш може да биде збунувачко. Многубројните зборови на Велика Британија за векна леб се резултат на географските бариери и историјата на населбите. Потоа, постојат термини кои го одразуваат влијанието на другите јазици врз англискиот.

- Англискиот јазик се издвојува од другите јазиците според степенот до кој сме развиле култура на зборување за „правилен“ и „погрешен“ изговор, што ме натера да мислам дека нашите жестоки дебати за лебот всушност не се за леб, тука за идентитет - изјавил д-р Блотер за Би-би-си.
Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот