X
 31.05.2019 Живот

Амазонско племе спаси 7 милиони акри шума

Амазонско племе излезе како победник во борбата против владата на Еквадор и заштити огромни површини скапоцена прашума.

- Судот призна дека владата го прекршила нашето право на слободно живеење и носење сопствени одлуки за нашето подрачје и самоопределување. Нашата територија е наша одлука, а сега, бидејќи сме сопственици, нема да дозволиме нафтата да влезе и да го уништи нашето природно опкружување и да ја убие нашата култура - истакна лидерот на племето Ваорани, Немонте Ненквимо.

Племето Ваорани успеало да заштити половина милион акри амазонски шуми. Припадниците на ова племе успеале да ја нарушат планираната акција за 16  нафтени дупки, кои би се простирале на повеќе од седум акри хектари прашума.

Процесот на консултации, кој владата го започна во 2012 година со племето, беше прогласен за неважечки, а владините планови беа отфрлени на неодредено време.

- Ова е голем преседан за автохтоните права во Амазон. Денес судот препозна шема на измама и манипулативни тактики во обидот на еквадорската влада да го направи земјиштето на Ваораните место за вадење нафта. Тоа е голем чекор напред во борбата за почитување на правата на домородните луѓе над земјата. Гарантирањето на правото на автохтоните народи да одлучуваат за својата иднина и да можат да им кажат „не“ на деструктивните проекти е клучот за заштита на амазонската прашума и за запирање на климатските промени - истакна извршниот директор на „Амазон фронтлајнс“, Мич Андерсон.

Портпаролот на племето, Освандо Ненквимо, истакна дека тие успеале да ја заштитат шумата од сечење, водата од загадување, а децата од болести.

- Тоа е вистински преседан за правата на домородците, но борбата е далеку од завршена. Владата ќе се жали бидејќи сè уште ја сака нафтата под нашата земја. Автохтоните народи во Амазон и светот мора да се здружат за да ги заштитиме нашите домови - истакна тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот