Шумите се клучни природни ресурси кои често се цел на економскиот развој. Благодарение на ширењето на населените места, земјоделието и индустријата, светот загуби речиси 1 милион квадратни километри шума од 2001 година.
Но, каде има најголема дефорестација?
Во продолжение ви пренесуваме рангирање на земјите според вкупното намалување на нивните области покриени со шума во периодот меѓу 2001 и 2021 година, мерено во квадратни километри, заедно со процентот на опаѓање. Извор за податоците е Светската банка.
Кои се лидери во дефорестација?
Во последните две децении Бразил има изгубено повеќе од половина милион квадратни километри шума. Земјоделската експанзија за производство на говедско месо и соја, заедно со рударството и инфраструктурниот раст се водечките причини за овој висок степен на дефорестација.
Сето тоа предизвика и периодични пожари во Амазонија, предизвикувајќи алармирања од целиот свет. Всушност, Бразил има загубено толкава површина шума колку сите четири следни земји на листата заедно.
Она што брзо може да се забележи на листата е дека поголемиот дел од земјите се од Африка и Јужна Америка. Една студија најде корелација меѓу економиите во развој и повисоките стапки на дефорестација. Кај поранешните колонии, исто така, може да се забележи поголема загуба на шуми отколку кај оние што не биле колонизирани.
Фото: Visual Capitalist (printscreen)
Насловна фотографија: Freepik