X
 13.05.2018 Забава

„Ало, ало“ - децении подоцна

Една од најдобрите британски серии на сите времиња е серијата „Ало, ало“. Приказната за угостителот Рене, кој води двоен живот како лидер на отпорот, започна во 1982 година.

Рене, Мадам Едит, Ивет, Мими, Леклер, Грубер, Хелга, хер Ото Флик... нема лик во серијата чија приказна не била раскажана и нема гледач кој не уживал во урнебесните ситуации.

Пред две години Рене, односно Горден Кеј, почина во старечки дом на 75-годишна возраст. Претходно почина капетанот Ханс Геринг, а претходно мадам Едит. Сеќавањето на нив останува, а сега популарниот актер Џон Чалис не потсети на другите јунаци.

Станува збор за Хелга и хер Флик, односно Ким Харт и Ричард Гибсон, актери кои во последните повеќе од 30 години изгледа добиле само по некоја брчка.

Минатата година екипата се собра на годишнината од почетокот на емитувањето на серијата и откри неколку тајни од снимањето.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава