X
 13.05.2021 Живот

Најновата атракција на Исланд е „безгранична“ лагуна со поглед на вулкан

Исланд доби нова туристичка атракција. Станува збор за геотермална лагуна со поглед кон Атлантскиот Океан, вулкан, водопади и на карпи. Лагуната завршува со 70-метарска граница над океанот која дава чувство дека се наоѓате во безграничен базен.



Доколку го посетите местото во вистинскиот период од годината, може да ја видите и поларната светлина.



Гостите се охрабруваат да следат ритуал од седум чекори додека престојуваат во лагуната, меѓу кои се капење во топли природни води во лагуната, а потоа влегување во базен со студена вода за стимулација на имунолошкиот систем.



Се препорачува и седење во сауна за чистење на кожата.

Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот