Ако некогаш сте размислувале да го посетите прекрасниот Исланд, тогаш промотивните напори на оваа компанија се токму за вас. „Сигис“ бара турист кој ќе го посети Исланд, а ќе добие надоместок до 50.000 долари.
Брендот за јогурт прима апликации за хонорарен работник кој ќе сака и ќе може да патува низ земјата, да фотографира, да снима видеа и да ја консумира локалната кујна. Целта е да се извести за прифаќањето на четиридневната работна недела во земјата и придобивките од поедноставниот начин на живот. Компанијата ќе може да го поврзе работникот со водичи за ресторани и планинарење за да му помогнат да го истражува Исланд до максимум.
„Сигис“ е компанија основана во 2005 година од Сиги Хилмарсон, кој користи традиционален исландски рецепт за вископротеински јогурт со помалку шеќер познат како „skyr“.
Еден квалификуван кандидат ќе биде избран и ќе добие 50.000 долари. Најверојатно „Сигис“ ќе бара хонорарецот да остане во Исланд најмалку еден месец, со можност за престој до шест месеци. Апликацијата и условите можете да ги погледнете
ТУКА.
Извор:
Mentalfloss.com
Фото: Freepik