Исланд е мала земја каде живеат 358.780 луѓе. Сите жители се знаат меѓусебно, така што нема потреба да ја заклучуваат вратата кога излегуваат од дома и можат да ги остават децата без надзор во парк или пред продавница. Освен тоа, Исланд е една од најсреќните земји во светот.
Во продолжение ви нудиме интересни факти за Исланд.
1. Исланд е една од најубавите земји во светот
Фото: Reddit
Оваа земја може да се гордее со еден од најмоќните водопади во Европа, Детифос, најголемата птичја колонија и еден од најголемите глечери. Луѓето во Исланд отсекогаш живееле во совршена хармонија со прекрасната природа, почитувајќи ја и заштитувајќи ја. На островот, постои огромна разновидност на природни убавини што секој што живее таму или ја посетува земјата, се заљубува во неа.
2. Исландскиот јазик не се променил уште од 12. век
Луѓето во Исланд се навистина горди на својот јазик. Во старите времиња, социјалните врски меѓу луѓето биле многу блиски, што овозможило јазикот да остане многу стабилен. Релиси секое лице од Исланд може да прочита антички текстови без никаков проблем. Освен тоа, Исланд е лидер во меѓународниот пазар на книги. Издава повеќе книги на годишно ниво од било која друга земја.
3. Исланд има еден од најнапредните законски системи во однос на човековите права
Оваа земја има некои од најдобрите закони во однос на родовата рамноправност, слободата на говорот, правата на сексуалните малцинства и нивото на демократија. Така, во 1980 година, Исланд стана првата земја во Европа каде жена беше избрана за претседател, а во 2010 година ги забрани сите клубови за стриптиз, со цел да го поддржи феминистичкото движење. Гаранциите за верска слобода и законите што забрануваат дискриминација од секаков вид, ја направија Исланд светски лидер во човековите права.
4. Бесплатно образование
Училиштата и колеџите во земјата се бесплатни, а плаќањето за запишување на универзитет е многу мало, со што го прави образованието лесно достапно за секој. Освен тоа, нивото на писменост во Исланд е повисоко отколку во било која друга земја.
5. Не постојат приватни медицински установи
Исландската влада посветува големо внимание на развојот на својата здравствена индустрија. Исланд има највисок животен стандард и медицинската индустрија контролирана од владата целосно ги задоволува сите потреби на населението, така што приватните медицински установи воопшто не се потребни.
6. Централното греење е бесплатно
90 отсто од куќите во Исланд се топлат благодарение на топлата вода што доаѓа од геотермалнтие извори. Топлата вода се снабдува со бунари, а геотермалните фабрики ги задоволуваат сите потреби на земјата за греење, така што жителите не мораат да плаќаат.
7. Секој жител на Исланд има пристап до генеалошка база на податоци
„Íslendingabók“ е веб-страница со база на податоци што содржи информации за сите семејни врски на сите луѓе во Исланд, почнувајќи од 18 век. Таа е создадена бидејќи населението во земјата не е многу големо, па луѓето ја користат веб-страницата за да проверат дали личноста за која се заинтересирани е далечна роднина.
8. Не постои армија
Освен фактот што Исланд нема редовна армија, полицијата и крајбрежната стража немаат оружје. Стапката на криминал е скоро на нула, така што нема оружје затоа што нема потреба. Ако граѓанин сака да се приклучи на војската, тој може да се приклучи на норвешката армија според договорот помеѓу овие две земји.
9. Речиси никој не пие и не пуши во Исланд
Во Исланд, научниците открија кои биохемиски процеси предизвикуваат зависност, што им овозможи да го намалат бројот на пушачи и алкохоличари на 3 до 5 отсто. Различните хемикалии во алкохолот и цигарите предизвикуваат одредени биохемиски процеси во мозокот што го прават телото зависно од нив. Овие научници одлучија да се обидат да најдат активности што ги активираат истите процеси во мозокот, но на природен начин. На пример, танцување, музика, цртање и спорт.
10. Во Исланд, луѓето веруваат во тролови и џуџиња
Според локалниот фолклор, троловите живеат во камења во форма на круг. Ако некое лице од Исланд види ваков камен додека оди, тој никогаш нема да го допре и ќе се обиде да го заобиколи. А ако е неопходно да се премести „куќата на тролот“ на различно место, се изнајмува посебна личност која може да зборува со тролот и да го замоли да замине. Дури и ако постои потреба да се изгради нов автопат, дизајнерите секогаш се консултираат со фолклорните експерти за да избегнат вознемирување на троловите.
11. Градоначалникот на Рејкјавик бил стенд-ап комичар, панк-рок музичар и таксист
Пред да биде избран за градноачалник, Јон Гнар бил дел од панк-рок бенд, работел како таксист, како медицински брат во психијатриска болница, во „Волво“ фабриката во Шведска и бил стенд-ап комичар. Резултатите од неговото политичко работење вклучуваат целосна реконструкција, изградба на километарски велосипедски ленти, целосна реорганизација на училиштата и зголемување на туризмот во Рејкјавик.
12. Постои комитет кој одлучува како да се крсти бебе
Исландскиот комитет за именување се состои од 6 луѓе: 3 од нив се назначени од министерот за правда, додека другите 3 се назначени од образовните институции во земјата. Ова е направено затоа што земјата се бори со позајмените зборови од другите јазици. Новите и одобрените имиња се додаваат на листата доста често. На пример, прифатени се имињата Гејмар и Бримтур за момчиња и Годна, Иселин и Лоунеи за девојчиња. Но, името Андреи не е прифатено зата што спелувањето не е во согласност со правилата на правописот на исландскиот јазик.
13. Во оваа земја се снимиле многу познати филмови и серии
Фото: HBO
Неверојатниот пејзаж на
Исланд не само што ги привлекува туристите, туку и режисерите. Во оваа земја постои посебна компанија што организира снимања на филмови. Тука се снимале „Игра на троновите“, „Војна на ѕвездите“, „Тор“ и многу други.